Видео од двајца војници кои самите тврдат дека се Руси и дека денеска влегле во регионот Брјанск кај селата Љубечан и Сушани во Русија се појави на Твитер-каналот на Украинска Правда. На снимката тие велат дека дошле за да го ослободат рускиот народ од Путин.
Утринава руските власти објавија дека се работи за украински терористи, додека Киев тврдеше дека се работи за руска провокација.
Што велат војниците во видеото?
„Рускиот корпус на доброволци ја премина државната граница на Руската федерација. Еве доказ. Ние не војуваме со граѓаните, не убиваме невооружени. Ние, борците на рускиот корпус на доброволци, го снимаме ова видео од Брјанската област. Ние не дојдовме тука ако диверзантска група, туку како ослободителна армија на својата родна земја, за разлика од путиновата армија на егзекутори и насилници. Ние, не војуваме со мирните граѓани, ние дојдовме тука за да ве ослободиме“, велат војниците.