More

    Навивачите на Партизан го погазија достоинството на Македонија и македонскиот народ

    spot_img

    Министерството за надворешни работи, во текот на вчерашниот ден, стапи во контакт со колегите од Министерството за надворешни работи на Република Србија, при што упати реакција со осуда за провокативните навреди и пароли демонстрирани за време на натпреварот меѓу РК Партизан и РК Вардар во Белград од страна на навивачката група на РК Партизан.

    „Со овие непријатни активности освен што беа погазени принципите за фер и спортско однесување, беа длабоко повредени достоинството на Република Северна Македонија и нејзините граѓани. Министерството укажа дека ваквите реакции од групи поединци воопшто не се во духот на одличните билатерални односи кои ги негуваат двете земји“, велат од МНР.

    Оттаму додаваат дека српската страна, преку својата Амбасадорка во Северна Македонија, изрази жалење и се огради од овие изолирани случаи на поединци кои на никаков начин не ги отсликуваат позициите на официјален Белград во однос на нашата земја, ниту пак се во духот на заемните заложби за јакнење на севкупни билатерални односи меѓу двете земји.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img