More

    Нема ДДВ за основните прехранбени производи

    spot_img

    Сите маркети кои продаваат леб, брашно тип – 400, млеко со масленост од 2 проценти, од 3,2 и 3,5 проценти масленост, бел шеќер, сончогледово масло, месо и други кланични производи за јадење, бел ориз и јајца ќе мора најдоцна до утре – 17 март 2022 година да ги прилагодат фискалните апарати.

    Како што информираат од Управата за јавни приходи, ова значи дека сите продажни објекти кои ги продаваат погореспоменатите производи при малопродажба, потребно е да издаваат фискална сметка со даночна стапка од 0 проценти, односно со ознака „Г“ за добра и услуги кои се ослободени од данокот на додадена вредност.

    – Законската обврска произлегува од Законот за изменување и дополнување на Законот за додадена вредност со кои се пропишува ослободување од оданочување со ДДВ за основните производи за исхрана. Апелираме до сите навремено да ги прилагодат фискалните апарати – велат од УЈП.

    Оваа одлука ќе се спроведува од утре 17 март и ќе трае до 31 мај 2022 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img