Франција ќе гради 6 нови нуклеарни реактори. Портпаролот на француската влада Оливие Веран изјави дека владата „не гледа проблем“ во инвестицијата.
Се проценува дека изградбата на тој објект би чинела најмалку 51 милијарда евра.
Минатата година, францускиот претседател Емануел Макрон го смени своето претходно ветување за намалување на зависноста на Франција од нуклеарната енергија со тоа што предложи изградба на најмалку шест нови нуклеарни реактори, кои треба да бидат пуштени во употреба од 2035 година, со што бројот на реактори во земјата ќе достигне 14.
– Ние веруваме во нуклеарната индустрија, нема тешкотии во финансирањето на нуклеарните реактори што ги најави претседателот. Ќе усвоиме форма на финансирање и верувајте нема да има проблеми – рече Веран.
Министерката за енергетска транзиција Агнес Паниер-Руначер рече дека финансирањето за идните нуклеарни реактори ќе биде претставено до крајот на годината.
Франција добива околу 70 отсто од електричната енергија од нуклеарните централи.