More

    Менаџерот на Јунајтед: Не е лесно по прославата, тешко ќе биде и со Фулам

    spot_img

    Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг ја пофали големата желба на своите играчи и пласманот во четвртфиналето на ФА Купот, иако „црвените ѓаволи“ не блескаа против Вест Хем (3:1).

    Овој натпревар дојде откако Манчестер Јунајтед го освои Лига Купот победувајќи го Њукасл во финалето.

    Секогаш е тешко да се игра по освојувањето на трофејот и славењето, бидејќи тогаш треба да се вратите на вообичаената работа, тоа беше нашата задача и конечно најдовме начин да победиме“, изјави Ерик Тен Хаг.

    Неговите играчи не блескаа, Вест Хем поведе и создаде големи проблеми на „Олд Трафорд“, но „црвените ѓаволи“ на крајот завршија со триумф од 3:1.

    Упорноста и вербата дека ќе победат беа величествени“, нагласи холандскиот селектор и додаде:

    Имав силно чувство дека можеме да победиме во натпреварот, можеше да се види вербата и смиреноста дека никогаш немаше паника“.

    Следен ривал во ФА Купот е Фулам.

    Ќе биде тешко, тие играат навистина добро, па ќе мора да дадеме се од себе за да победиме“, изјави Ерик Тен Хаг.

    Тој дуел ќе се одигра на 19 март исто така на Олд Трафорд.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img