More

    UNDP: Се одржа првиот форум на заедницата во општина Дебрца

    spot_img
    Вчера во рамките на проектот ” Зајакнување на општинските совети“ кој го реализираат Програмата за развој на Обединети Нации – УНДП, Швајцарската влада, Министерството за локална самоуправа, се одржа првиот форум на заедницата во општина Дебрца.
    На првата форумска сесија учесниците се запознаа со форумскиот процес и дискутираа за приоритетните проблеми поврзани со стратешките области за развој со кои се соочува општина Дебрца .
    На оваа и следните три форумски сесии граѓаните непосредно ќе утврдат проектни идеи/концепти од кои ќе се дефинираат и конкретни предлог проекти,кои ќе се финансираат во рамките на одобрениот грант од 40.000 УСД.
    Значајно е и тоа што со вчерашното дополнување на Статутот на општината од страна на советот на општината Форумите во заедницата се внесени во Статутот, како битна алатка за непосредно учество на граѓаните во креирањето и носењето на локалните одлуки.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img