Ги подобруваме капацитетите на Јавното комунално претпријатие за поефикасно вршење на комуналните услуги.
По поднесена апликација од општината преку Центарот за развој на југозападниот плански регион, програмата за рамномерен регионален развој за 2022 година обезбедени се вкупно 323 канти за собирање на комунален отпад,со. запремнина од 240 литри.
Кантите ќе бидат отстапени на трајно користење на јавното претпријатие,кое ќе ги користи за подобра покриеност на населените места со потребните садови за комунален отпад.
И во наредниот период општината ќе продолжи со вакви активности,со цел подобрени комунални услуги за граѓаните.