Познатиот српски режисер Емир Кустурица бил хоспитализиран на Институтот за ортопедија во Бањица. Според информациите, Кустурица скршил нога на Мокра Гора. За „Спутник“ изјавил дека се чувствува добро и дека го чека операција.
„После авиони, хеликоптери, камиони, стотици илјади километри, 950 концерти и сѐ што ми се случило во животот, ми се случи несреќа на обични скали. Иронијата на животот е дека на последното скалило се лизнав и десниот зглоб ми отиде 180 степени. Лелекав од болка“, изјавил познатиот режисер.
Кустурица додал дека во моментов нема никакви болки и дека очекува по денешната операција полека да се врати во нормален живот.