More

    Данијела Мартиновиќ е вљубена до уши, откри со кого е во врска

    spot_img

    По раскинувањето на 24-годишната врска со хрватскиот пејач Петар Грашо, сплитската пејачка Данијела Мартиновиќ пронајде маж со кој ги дели истите вредности, погледи на животот, па дури и соништа, пишува „Глорија.хр“.

    На Данијела Мартиновиќ (51) љубовта повеќе не ѝ недостасува, во нејзиниот живот влегол маж кој ги следи нејзините чекори. Првата средба со криминалистичкиот инспектор Јосип Плавиќ (49) била професионална, но набрзо се вљубиле.

    – Првата средба се случи пред околу една година, кога адвокатката во мое име поднесе пријава за кражба на идентитетот преку интернет. Случајот брзо беше решен, а потоа нашата приказна почна да се развива. Сѐ започна со еден непланиран телефонски повик, кој очигледно мораше да се случи. Откако се запознавме, поминувавме многу време разговарајќи и полека почнавме да забележуваме дека споделуваме исти вредности, гледишта за животот и светот околу нас, па дури и некои соништа – одговара Данијела на прашањето како започнала нивната љубовна приказна.

    – Кога најнеобичните околности ќе спојат двајца апсолутни странци, кои дотогаш не знаеле ништо еден за друг, тогаш, секако, ви паѓа напамет дека тоа би можело да биде едно филмско сценарио. Поминуваме низ многу убави моменти за кои во иднина секако на друг начин ќе се изразувам бидејќи сакам оваа приказна да остане забележана.

     

     

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img