Властите на Лос Анџелес и доделија 29 милиони долари на Ванеса Брајант, вдовицата на Коби Брајант, како компензација за фотографиите на покојната НБА ѕвезда направени на местото на хеликоптерската несреќа во која го загуби животот.Коби Брајант и неговата тринаесетгодишна ќерка Џана и уште седум лица загинаа кога хеликоптер се урна на рид во близина на Лос Анџелес.
Полицајците и пожарникарите направиле фотографии на местото на несреќата, вклучувајќи ги и осакатените тела на кошаркарската легенда на Лос Анџелес Лејкерс и неговата ќерка. Некои од нив потоа ги покажаа или ги испратија овие снимки на познаници и пријатели.
Вдовицата на кошаркарот, Ванеса Брајант, поднесе тужба во која бара отштета за душевната болка и стравувањата дека снимката ќе заврши на Интернет. Каунти Лос Анџелес се согласи да и плати 28,5 милиони долари во вторникот за да избегне тужба.
Оваа сума ги вклучува 15 милиони долари кои веќе и беа платени на Ванеса Брајант од судот во Лос Анџелес во август 2022 година поради истата причина.
„Таа се бореше за нејзиниот сопруг, за нејзината ќерка и за сите оние чии членови на семејството загинаа и на кои не им беше покажана почит. Се надеваме дека оваа победа на правдата ќе стави крај на ваквата практика“, изјави нејзиниот адвокат Луис Ли.
Според американските медиуми, Крис Честер, чија сопруга и ќерка исто така загинаа во несреќата, добил речиси 20 милиони долари.
Постоењето на фотографиите го откри Лос Анџелес Тајмс еден месец по несреќата.
Истражување од 2007 година откри дека медиумите гладни за сензации нуделе пари на првоодговорните и истражителите за да бараат информации за несреќи и апсења на познати личности.