Турција попладнево ја погоди уште еден силен земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала.
Епицентарот на земјотресот е на 14 километри западно од Кајсери.
Бројот на жртвите од разорните земјотреси во Турција и Сиријаод 6 февруари надмина 51.000, соопшти турската Агенција за управување со катастрофи.
Холандскиот научник Френк Хогербетс изјави дека во следните денови се можни нови земјотреси во светот.