More

    Парите веќе не се проблем, само уште да се скројат линиите за возење

    spot_img

    Приватните превозници и Град Скопје конечно постигнаа договор и одлучено да се изврши исплата на долгот од страна на ЈСП Скопје во висина од 1,5 милиони евра, како и да се пуштат нови јавни повици за поделба на линии, откако претходните два пропаднаа.

    Ова денеска на прес-конференција го сподели членот на новото координативно тело на приватните превозници Јовица Зафировски, кој информираше дека јавните повици за сите линии ќе се објават во петок или во понеделник.

    – На тој јавен повик ќе се пријавиме сите, нема причина да не се пријавиме, условите ни одговараат. Очекуваме дека до 20 овој месец ќе почнеме со работа – рече тој, појаснувајќи дека ќе има три јавни повици, односно три пакети и ќе бидат опфатени сите линии, меѓутоа, со нова прераспределба.

    Зафировски истакна дека засега немаат потпишано ништо туку ова им било презентирано усно.

    Во врска со застареноста на некои од автобусите, Зафировски рече дека целата листа на автобуси е доставена до Град Скопје и дека градоначалничката изразила подготвеност да ги субвенционира во тој дел.

    Приватните превозници во ноември 2022 година престанаа да бидат дел од градскиот јавен превоз поради долгови што бараа да им бидат исплатени од Град Скопје. Кон крајот на ноември и почетокот на декември со повеќе од 300 автобуси паркирани на клучните крстосници го блокираа главниот град. Во меѓувреме, градските власти ги отфрлаа наводите дека им должат пари, но инспекцискиот надзор покажа дека Град Скопје не во право.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img