More

    Албин Курти објаснува зошто дијалогот Белград-Приштина ќе продолжи во Скопје

    spot_img

    Изборот во Скопје да се одржи следниот состанок на високо ниво за дијалог за нормализација на односите Белград Приштина е затоа што Република Северна Македонија има голем импакт врз целиот регион – изјави косовскиот премиер Албин Курти на Вториот економски форум во Скопје.

    Северна Македонија, додаде тој, е земја која напредува во однос на демократијата, правото и европската интеграција, а во 1999 година во Куманово е потпишан и Кумановскиот договор, по кој следеше влезот на НАТО на Косово. Според Курти, овие симболични елемнети придонеле за шефот на дипломатијата на ЕУ Жозеп Борел следната средба за дијалогот да ја закаже токму во Скопје.

    Според Курти нормализацијата на односите меѓу Приштина и Белград може да се направи преку заемно признавање.

    – Ова беше кажано од претседателот Бајден, секретарот Блинкен, канцеларот Шулц, дека заемното признавање е суштината и централната точка на целосната нормализацијата на односите, а ние се обидуваме и работиме напорно да го имаме како основ предлогот на ЕУ кој што ни беше претставен, и мене и на претседателот на Србија. Ние го прифативме текстот на тој предлог, му дадовме поддршка во двата главни града како и во Брисел – рече Курти.

    Курти изрази уверување дека со потпишувањето на трите договори во Берлин, минатата година на 3 ноември под претседавањето на канцеларот Шолц, Берлинскиот процес како да доби нов почеток во однос на спроведувањето на неговиот дух.

    – Со овие три договори сите граѓани на шесте земји од Западен Балкан ќе ги преминуваат границите со лична карта. Се гледа и можност да се поврзат граѓаните на Пришитина и Сараево, што не беше случај порано. Двата други договори – едниот е за признвање на дипломите од виското образование, а другиот за стручните квалификации за доктори, стоматолози, архитекти, биснисите, студентите. Верувам дека овие три договори се основата на тоа што се нарекува заеднички регионален пазар. Јас на тоа гледам како на одлична платформа за да се постигне еден модел на ЦЕФТА – рече Курти.

    Во однос на подобрување на инфраструктрата и надминување на потешкотиите на граничниот премин Хани Елезит – Јажинце, кој годишно го преминуваат околу 4,2 милони граѓани, Курит истакна дека за тоа, како и за можноста за поставување заеднички контролен пункт, разговарал на средбата со премиерот Димитар Ковачевски,

    – Што се однесува до заедничкиот контролен пункт и граничниот премин кој ќе ги поврзе Призрен и Тетово, потребен е нов тунел. Тоа треба да го направиме што е можно поскоро од страна на Косово, но исто така подготвени сме и да ги доделиме поотребните средства за овие големи инфраструктурни проекти – рече Курти.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img