More

    Ковачевски го поздрави договорот Белград -Приштина

    spot_img

    Република Северна Македонија го поздравува постигнатиот договор за прифаќање на предлогот на ЕУ за нормализирање на односите меѓу Kосово и Србија, со што ќе се гарантира мирот, стабилноста, безбедноста и напредокот, не само на двете земји, туку и на регионот во целост – рече премиерот Димитар Ковачевски денеска на средбата со косовскиот премиер Албин Курти, која се одржа на маргините на Економскиот форум којшто се одржува во Скопје.

    Тој нагласи дека отворените прашања треба да се решаваат низ дијалог и ја нагласи подготвеноста на Северна Македонија во својство на претседавач со ОБСЕ да го помогне процесот, особено во фазата на имплементација на одредени делови од евентуалниот договор.

    Ковачевски рече дека Македонија ги поддржува евро-атлантските аспирации на Косово и е подготвена за давање придонес во таа насока, како и дека активно го поддржува учеството на Косово во различни регионални формати на соработка.

    На средбата се дискутираше за повеќе теми, меѓу кои за напредокот на взаемната соработка, како и идните чекори за подобрување на билатералните односи меѓу двете земји.

    Двајцата премиери заеднички констатираа задоволство од нивото на економска соработка, а се зборуваше и за можностите за реализација на заеднички проекти во различни области.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img