Иако денеска е почетокот на третиот месец од годината студентите сè уште немаат добиено исплата на парите за субвенционираниот студентски оброк за јануари, реагира Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.
„Повеќепати е видено дека целата поддршка на власта за студентите, студентските домови, живот и стандард е само декларативна и наменета за активности од делот на политичкиот маркетинг и градењето на лажна слика за наводна грижа за младите во Македонија.
Како УМС на ВМРО-ДПМНЕ и како глас на младите во Македонија, порачуваме дека нема да останеме тивки и будно ги следиме сите постапки. Апелираме до власта да почне да се занимава со реалните проблеми со кои се соочуваат студентите и младите. Апелираме оваа поддршка најитно да се покаже преку дела, а не преку празни зборови“ – соопшти УМС на ВМРО-ДПМНЕ.