More

    Актерката Кортни Кокс, која се прослави со улогата на Моника во „Пријатели“, доби ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд

    spot_img

    Актерката Кортни Кокс, која се прослави со улогата на Моника во „Пријатели“, доби ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд.

    Во текот на овој значаен ден, Кортни доби поддршка од нејзините колешки од серијата, а воедно и најдобри пријателки, Џенифер Анистон и Лиза Кудроу.

    Кокс глумеше како Моника Гелер десет сезони во хит хумористичната серија која првично се емитуваше на телевизиската мрежа „Ен-би-си“ од 22 септември 1994 година до 6 мај 2004 година.

    Кортни имаше многу големи улоги низ годините, од „Пријатели“ до „Вресок“ и „Кугар таун“. Сега таа и официјално им се придружи на великаните на Булеварот на славните, станувајќи 2.750-та личност што ја добила оваа чест.

     

    Џенифер и Лиза одржаа говори за нивната пријателка. Анистон се присети на нивната средба на снимањето на Пријатели.

    „Да се ​​биде пријател со Кортни значи да се биде семејство со Кортни. Таа е одговорна за сето тоа. Од почетокот кога ја запознавме, таа беше веднаш инклузивна, топла, сакана, заинтересирана за сè за тебе“, рече Анистон, која се расплака на настанот.

    „Кортини, сакаме само да кажеме дека сме длабоко, длабоко горди што те познаваме. Ти си дефиницијата за нешто навистина убаво, талентирано и што е најважно, навистина љубезно и сакано човечко суштество… Ти благодариме што ги збогати нашите животи, “ изјави Лиза Кудроу.

    Кокс беше поддржана и од ќерката Коко Аркет и пријателката Лора Дерн. 18-годишната Коко седела до Џенифер и гордо му аплаудирала на успехот на нејзината мајка.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img