More

    Активист кој зборувал против местењето на СП за Катар тврди дека бил измачуван по негова наредба

    spot_img

    Богатиот сопственикот на фудбалскиот клуб Париз Сен Жермен Насер Ал Хелаифи е обвинет за киднапирање и тортура на француски државјанин. Француските медиуми пишуваат за целиот случај, споредувајќи го со уште еден скандал во кој фудбалерот на ПСЖ Ашраф Хакими беше обвинет за силување девојка.

    Медиумите во Франција, меѓу нив и познатиот „Л’ Екип“, наведуваат дека е покрената истрага против Ал Хелаифи откако францускиот државјанин Таиб Бенабдерахман поднел тужба, а освен тоа, наводно, доставил докази за тортурата што ја доживеал во Катар во 2020 година.

    Како што пишуваат француските весници и портали, Бенабдерахман е активист кој тврдел дека има компромитирачки документи за сопственикот на парискиот клуб. Тој пред неколку месеци поднел пријава за киднапирање, закани и тортура, кои биле вршени по наредба на Ал Хелаифи, а сега обвинителството отворило истрага.

    Во 2020 година Таиб дошол во Катар каде започнал кампања против корупцијата при доделувањето на организацијата на Светското првенство на Катар и кршењето на човековите права при изградбата на стадионите, за што светот подоцна дозна многу повеќе.

    Наводно, на Ал Хелаифи му пречело тоа што Бенабдерахмане тврдел дека поседува документација со која може да ги поткрепи своите тврдењаНабргу потоа активистот е уапсен и префрлен во затвор, каде, како што тврди, бил измачувана потоа бил префрлен во домашен притвор, за на крајот, во ноември 2020 година, да биде депортиран од Катар со забрана за влез во таа земја.

    Исто така, медиумите во Франција наведуваат дека постојат навестувања дека Таиб поседувал видео снимки од бизнисменот и неговата љубовница, како и аудио снимка од телефонски разговори со Џером Ватцвек од ФИФА и Тами Бин Хамад Ал Тани, во врска со организацијата на Светско првенство и доделувањето телевизиски права.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img