More

    Фабрички оглас го открива сиот очај во текстилната индустрија

    spot_img

    Текстилните фабрики во земјава изгледа имаат очајна потреба од нови шивачки или шивачи и голем проблем како да дојдат до нив или како да ги задржат.

    На Фејсбук деновиве се појави соопштение, објавено од две текстилни фабрики од Свети Николе, АД Мода и АД Камотекст, кои на своите вработени им ветуваат „бонус“ за секој нововработен што ќе успеат да го „донесат“.

    За успешното вработување на нов вработен, на „посредникот“ ќе му се исплатат 5.000 денари нето, но во оној момент кога нововработениот ќе успее да ја постигне нормата.

    На „ловците“ на текстилци уште им се укажува дека секое ново вработување мора да помине низ филтрите на менаџментот. Една од причините за ваквата состојба, може да е постојаното иселување на младите и работоспособни луѓе од Свети Николе, а друга, ниските плати кои се нудат во оваа индустриска гранка, како и високите норми кои се бараат од вработените. 

    Нема информации колку методот за „привлекување кадар“ на овие две светиниколски фабрики се покажал успешен.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img