More

    На 10 мај  ќе стартува македонската берза на електрична енергија

    spot_img

    На 10 мај  ќе стартува македонската берза на електрична енергија. Со домашната берза ќе раководи Националниот оператор на пазарот за електрична енергија (МЕМО). Проектот е работен повеќе од 5 години, официјално заживеа по измените на Законот за енергетика во 2018 година, со што формално беше либерализиран и пазарот на електрична енергија, а законодавството во оваа сфера беше прилагодено на европското.

    Директорот на МЕМО, Симон Шутиноски, во интервју за МИА вели дека се очекува берзата да стане ликвидна од првиот ден, односно се очекува да има тргување во секој час и со тоа конечно да добиеме референтни цени за секој час.

    – Тоа значи нашата индустрија, нашите граѓани, целокупната побарувачка и производство на електрична енергија кога ќе се стават во еден систем ќе добиеме цени во секој час релевантни за нашата држава – вели Шутиноски.

    Тој појаснува дека досега референтната цена се пресметуваше според унгарската берза, ХУПЕКС, која е земена како една од најголемите берзи во регионот каде што има најголемо тргување на електрична енергија.

    Тој нагласува дека прво битно за целата држава, но и за берзата на електрична енергија е да имаме релевантна цена во секој час. Првично ќе се тргува врз принципот ден однапред, а откако, како што вели, ќе бидат сигурни дека има ликвидност, односно понуда и побарувачка во секој час во текот на денот, ќе се премине кон воспоставување на пазарот во текот на денот или интрадеј маркетот.

    Правилата на тргување до Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги ги доставиле пред речиси еден месец, а очекуваат некаде кон средината на следниот месец да бидат одобрени.

    Македонската берза на електрична енергија прво ќе биде во границите на земјава се додека не настапи првиот маркет каплинг, односно првото спојување со некоја од соседните берзи. На неа ќе можат да тргуваат сите учесници на пазарот на големо на електрична енергија, кои се регистрирани во регистарот на регистрирани учесници на пазарот, кој го води МЕМО ДОЕЛ Скопје како оператор на пазарот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img