More

    Русија тврди дека планирана е провокација со отровот Б-Зет

    spot_img

    Шефот на силите за радијациска, хемиска и биолошка одбрана на руските вооружени сили, Игор Кирилов, тврди дека САД планираат да го употребат борбениот психотропен отров Б-Зет (BZ) во Украина, што Американците го користеле за време на Виетнамската војна.

    – Фактите дека отровните хемикалии и средствата за заштита од нив биле доставени во Украина во исто време укажуваат на обид да се изврши провокација од големи размери со употреба на воена психотропна отровна супстанца Б-Зет за време на конфликтот – рече Кирилов, пренесен од руските медиуми.

    Кирилов додаде дека хемикалијата предизвикува акутна психоза, дезориентација, халуцинации и нарушување на меморијата.

    – Отровот Б-Зет е стандарден воен отров на САД и беше широко користен за време на Виетнамската војна – рече Кирилов.

    НАТО шифрата Б-Зет (BZ) е воено име за хемиската супстанца 3-квинуклидинил бензилат (QNB), која на почетокот на 60-тите години на минатиот век почна да се користи за воени цели, наведува сајтот sciencedirect.com.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img