More

    За 7 отсто ќе бидат зголемени пензиите од март

    spot_img

    За 7 отсто ќе бидат зголемени пензиите од март годинава, согласно новата методологија која налага постојан раст на пензиите, според трошоците за живот и порастот на просечната плата.

    За една година пензиите се зголемија за 16 отсто, а со ова последно големување, тој вкупен раст е 24 отсто.

    – Ова е историско покачување на пензиите и тоа за период од само една година. Оваа методологија, која ја утврдивме заедно со Сојузот на здруженијата на пензионери, работена според швајцарскиот модел, дава резултати на долг рок. Усогласувањето, според оваа методологија се врши два пати во годината, односно во март и во септември и ги следи промените во двата индекса за усогласување. На овој начин осигуравме заштита на пензионерите во осцилациите на трошоците за живот и ги поврзавме покачувањето на пензиите со покачувањата на просечната плата – изјави премиерот Димитар Ковачевски.

    Претседателот на Владата, Ковачевски рече дека пензиите, од почетокот на пандемијата, до денес се исплаќаат дури и предвреме.

    Министерството за труд и социјална политика извести дека од вчера (понеделник) започна етапната исплата на пензиите за  февруари, кои продолжуваат да се исплатуваат предвремено.

    Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

    • За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 27.02.2023 година (понеделник);

    • За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 28.02.2023 година (вторник);

    • За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 01.03.2023 година (среда) и

    • За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 02.03.2023 година (четврток).

    Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од 27 февруари (понеделник). Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img