Српскиот претседател Александар Вучиќ пред заминувањето за Брисел изјави дека нема да има капитулација или враќање во 90-тите и дека Србија ќе оди напред колку и да е тешко.
„За 15 минути заминуваме за Брисел, ги направивме последните подготовки. Сакам да му се заблагодарам на делот од Србија кој има доверба во својот државен врв и верува дека ќе го направиме она што е најдобро за нашата земја“, напиша Вучиќ на својот Инстаграм профил „идна Србија“.
Тој додаде дека нема да има капитулација или враќање во деведесеттите, а Србија ќе оди напред колку и да е тешко.
„А оние кои однапред се подготвуваат да не нападнат кога ќе потпишеме нешто, бидејќи така ќе бидеме предавници, а однапред знаат дека сме виновни и дека се враќаме во деведесетите, можам само да им кажам да не грижи“, изјави Вучиќ.
Вучиќ денеска во Брисел ќе се сретне со претставникот на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак и високиот претставник за надворешна политика и безбедност, Јосеп Борел, а потоа ќе се сретне и со премиерот на Косово, Аљбин Курти. Тема на средбите е европскиот предлог, односно француско-германскиот план за Косово.