Убиецот на рускиот претседател Владимир Путин ќе биде некој од неговиот најтесен круг на блиски советници, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во документарниот филм што го сними украинскиот новинар Дмитро Комаров.
Володимир Зеленски предвидува дека во одреден момент ќе се случи расцеп во раководството на Путин, што ќе ги охрабри сојузниците на рускиот претседател да се свртат против него.
– Тогаш месојадите ќе ги изедат месојадите. Ова е многу важно и ќе им треба причина да го оправдаат. Ќе се сеќаваат на зборовите на Комаров, Зеленски… Ќе ги паметат нашите зборови. Ќе најдат причина да го убијат убиецот. Дали ќе успеат? Да. Кога, не знам – рече Зеленски во документарецот.