More

    Заврши увидот на местото на несреќата во општина Илинден

    spot_img

    Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје заедно со увидни екипи на МВР и обдуцент од Институтот за судска медицина изврши увид на лице место на железничка станица во општина Илинден, каде според првичните сознанија, како последица на струен удар починало 14-годишно девојче.

    Како што соопшти Јавното обвинителство, првичните информации упатуваат на тоа дека несреќата се случила кога девојчето со уште две други деца си играло околу паркираните вагони, при што во еден момент се качило на еден од вагоните и се допрело до жиците за струја под висок напон. Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатото девојче.

    Со двете малолетни лица – сведоци на настанот е извршен разговор, местото е фотографирано и се работи на испитување на сите околности кои довеле до трагичниот настан.​ Во СВР Скопје вчера било пријавено дека во населбата Илинден на железничка станица-складиште има почината малолетничка.

    Од МВР наведуваат дека на местото на настанот починала малолетничката, а смрт била констатирана од страна на лекар од Итната медицинска помош. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата малолетничка било предадено во Институтот за судска медицина за обдукција.

    Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, утринава изрази сочувство за трагичниот настан.

    – Според информациите што ги добив од МВР и ПП бригада, до трагедијата дошло откако група малолетници самоиницијативно, најверојатно од забава и несвесно се качувале на паркиран вагон во близина на ЖСТ Илинден и при тоа дошло до струен удар од високиот напон каде на лице место животот го загуби малолетно девојче – изјави Георгиевски.

    Синоќа, Sвонко Томевски, командант на Бригадата за противпожарна заштита на Скопје, потврди дека малолетно девојче изгорело од струен удар. Тој кажа дека седум пожарникари со две возила интервенирале на терен во скопската населба Илинден каде што било пријавен пожар на железничката станица, односно на вагон-цистерна полна со нафтен дериват.

    Како што кажа Томевски, очевидците рекле дека девојчето загинало откако со момче било качено на вагонот.

    – Телото било опожарено. Моите колеги спречиле огнот да го зафати вагонот, односно цистерната која била полна со гориво. Увидот сѐ уште трае, а и пожарникарите сѐ уште се на терен – изјави Томевски.

    Центарот за управување за кризи (ЦУК) вчера извести за настанот:

    „Регионалниот ЦУК Скопје, известува дека во 21.05 часот од страна на дежурниот во Македонски железници добил телефонски повик и пријава дека на железничка станица Илинден има пожар на една цистерна и за тоа биле информирани и БППЗ на Град Скопје. Од страна на РЦУК Скопје била контактирана БППЗ од кои беше потврден настанот и дека две нивни екипи се на терен. За истиот настан беа информирани и дежурните во Полициските станици Автокоманда и Петровец, од каде што беше потврден настанот. Од страна на Секторот за операции и координација на ЦУК беа известени дежурните оперативни центри на МВР и Дирекцијата за заштиа и спасување (ДЗС). По интервенцијата на БППЗ на Град Скопје пожарот е изгаснат и како последица на пожарот има починато едно лице. На местото на настанот се присутни претставници на Итна медицинска помош, Полицијата и Јавното обвинителство кои постапувале согласно нивните процедури. Инаку, според информации од граѓани, кои биле во близина на настанот, починатото лице било горе на вагонот и се запалило од силен струен удар, од електричните жици над вагоните, но се чека официјална потврда на тие информации“, соопшти ЦУК.

    Синноќа во медиумите најпрво се појави информација дека пожарот избувнал во складиште на „Макпетрол“, но од компанијата велат дека таа информација не е точна.

    „Во складиштето на ‘Макпетрол’ нема пожар, ниту експлозија, како што вечерва известија дел од медиумите. Инцидентот за којшто медиумите објавија информации се случил во близина, односно на железничката станица Илинден, но на никаков начин не е поврзан со складиштето на Макпетрол“, информираше компанијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img