More

    Ријана пее песна од филмот Black Panther: Wakanda Forever на Оскарите

    spot_img

    Ријана пее песна од филмот „Black Panther: Wakanda Forever“ на Оскарите Поп-пејачката Ријана ќе пее песна од филмот „Black Panther: Wakanda Forever“ на престижната церемонија за Оскар на 12 март во Лос Анџелес, неколку недели по нејзиното враќање на сцената.

    Поп-ѕвездата ќе го отпее својот хит „Lift Me Up“, кој беше номиниран во категоријата за најдобра авторска песна, објавија организаторите на церемонијата на Оскар.

    Во таа категорија, „Hold My Hand“ на Лејди Гага за филмот „Top Gun: Maverick“ и песната „Naatu Naatu“ на композиторот М.М. Киранија за филмот „РРР“.

    Ријана не стапна на сцената седум години, а на сцената повторно се појави во февруари на полувремето од Супербоул.

    Досега поп-пејачката никогаш не била номинирана за Оскар, но инаку освоила девет американски музички награди Греми.

    На 12 март во театарот Долби во Лос Анџелес ќе се одржи 95-тото доделување на наградите Оскар, кое го доделува Американската академија за филмски уметности и науки. Домаќин на церемонијата ќе биде комичарот Џими Кимел.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img