More

    Тешка несреќа во Хрватска, се преврте автобус со албански ознаки

    spot_img

    Едно лице го загина, а седуммина се повредени во тешка сообраќајна несреќа што доцна синоќа, петнаесетина минути пред полноќ се случила на автопат во Хрватска во правец од Сплит кон Загреб, јавува Индекс.

    Според информациите од полицијата несреќата се случила кога 58-годишен албански државјанин кој управувал автобус со албански национални ознаки и од засега непозната причина свртел десно, удрил во ограда и се превртел на левата страна.

    „Во автобусот во моментот на несреќата имало девет патници и возачот. Едно лице загина, а неколку лица се повредени и се сместени во општите болници во Карловац и Огулин. Увидот е во тек“, информира полицијата.

    Автопатот првично беше затворен во двата правци, но сега сообраќајот е отворен во двата правци.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img