More

    Научниците тврдат: Еве како спиењето може да ви го продолжи животот

    spot_img

    Сите знаеме дека квалитетниот сон е од суштинско значење за здравјето, и ментално и физичко. Со цел дополнително да го утврдат ова, научниците од Универзитетот Харвард во нова студија открија како правилното спиење може да има мерливо влијание врз нашиот животен век.

    На мажите кои ги следеле овие пет мерки за квалитет на сонот, животот им бил продолжен за 4,7 години, а на жените за 2,4 години, во споредба со оние кои не почитувале ниту едно од овие правила, носат Metro и Index Fit.

    Како што објаснуваат експертите, испитаниците ги следеле овие пет квалитети на спиење кои докажано го продолжуваат животот:

    седум или осум часа сон во текот на ноќта

    проблеми со заспивање не повеќе од два пати неделно

    проблеми со спиењето не повеќе од два пати неделно

    да не користите никакви апчиња за спиење

    чувство на одмор по будењето најмалку пет дена во неделата.

    Истражувачите на оваа студија се надеваат дека пациентите и лекарите ќе почнат да зборуваат за спиењето како важен дел од целокупните здравствени проценки. Еден од авторите на студијата, докторот и професор Френк Кијан, рече: „Ако луѓето ги имаат сите овие идеални однесувања за спиење, тие имаат поголема веројатност да живеат подолго, како што докажа оваа студија“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img