More

    Турските власти уапсија 183 градежни изведувачи и еден градоначалник

    spot_img

    Најмалку 184 лица, главно градежни изведувачи, се приведени во Турција во врска со урнатите згради по разорните земјотреси во јужниот дел на земјата, изјави денеска министерот за правда Бекир Боздаг.

    Приведен е и градоначалникот на областа Нурдаг во провинцијата Газиантеп, јави Анадолија. Градоначалникот Океш Кавак е од владејачката партија на претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

    Владата на Ердоган, која е на власт повеќе од 20 години, беше критикувана за игнорирање на лошите градежни стандарди, што можеби придонесе за високиот број на загинати од над 44.000 само во Турција.

    Во 11 турски провинции смртоносните земјотреси на 6 февруари, проследени со речиси 10.000 последователни потреси, оштетија повеќе од 173.000 згради и оставија речиси 2 милиони луѓе без покрив над главата, според владините податоци.

    Оттогаш поширокиот регион е погоден од големи земјотреси. Според агенцијата за катастрофи АФАД, потресите се очекува да продолжат во следните две години во Турција.

    Денеска земјотрес со јачина од 5,2 степени ја погоди централната анадолска турска провинција Нигде, соопшти Центарот за следење на земјотресот Кандили. АФАД соопшти дека нема пријавена штета.

    Епицентарот на земјотресот бил лоциран во областа Бор, на околу 350 километри западно од разурнатиот од земјотресот турско-сирискиот пограничен регион.

    На најголемиот турски град Истанбул му е потребна итна програма за урбанизација за обнова или зајакнување на зградите, во вредност од околу 40 милијарди долари, соопштија властите.

    Потенцијален земјотрес од над 7,5 степени ќе оштети речиси 500.000 згради, населени со 6,2 милиони луѓе, околу 40 отсто од населението на градот, според извештај од 2021 година, јави ДПА.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img