Брена фатена пред болница во лежерно издание: Откри што прави таму

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Beograd 01.10.2022. Lepa Brena, Fahreta Živojinović. Promocija čarapa Lepe Brene u tržnom centru Ušće Foto: Vesna Lalić/Nova.rs
- Advertisement -
Ad image

Убавата Брена фотографите ја уловија пред болницата во Белград во издание во кое ретко имаме можност да ја видиме.

Една од најголемите ѕвезди во регионот, пејачката Лепа Брена (62), навикнавме да ја гледаме целосно дотерана и нашминкана, но сега е фатена во необично издание.

Фотографите ја фотографирале пред болница во Белград во тренерка, без трошка шминка и со врзана коса во опавче, а очите ги криела со големи очила за сонце. Иако не била облечена, Брена спремно позирала пред болницата, а открила дека дошла на редовен преглед.

„Јас сум контрол фрик, морам редовно да го проверувам моето здравје, па се е супер“, изјави пејачката за Blic.rs.

Претходно Брена за медиумите зборуваше за нејзините здравствени проблеми.

„Одамна научив дека проблемите треба да се решаваат со ладна глава. Јас не сум паничар. Кога за прв пат наидов на тромбоза, проучував сè и бев редовен пациент. Навикната сум да живеам така, знам што не треба да пијам и да јадам, како и како треба да ми се води животот според здравствените правила“, објасни Лепа Брена.

Share This Article