More

    Основниот суд во Приштина осуди четири лица, од кои тројца малолетници на вкупно 40 години затвор за силување на 11-годишно девојче во Приштина во август 2022 година

    spot_img

    Основниот суд во Приштина осуди четири лица, од кои тројца малолетници на вкупно 40 години затвор за силување на 11-годишно девојче во Приштина во август 2022 година, пренесува „Р.С.Европа“.

    Обвинетиот Е.Р. е осуден за кривично дело силување на затворска казна во траење од 15 години во која е вклучено и времето поминато во притвор. Вториот, малолетникот Ј.С., судот го прогласи за виновен за силување и злоупотреба на деца во порнографија и е осуден на осум години малолетнички затвор. Малолетниот Г.Р. е осуден на девет години затвор за малолетници за силување, злоупотреба на деца во порнографија и помагање во извршување на кривичното дело силување. Малолетниот Г.Ј. беше прогласен за виновен за кривичните дела силување и злоупотреба на деца во порнографија и осуден на осум години затвор за малолетници.

    Обвинетиот Ш.К е ослободен од кривичното дело давање сексуални услуги на жртва на трговија со луѓе. Во соопштението судот посочи дека не утврдил дека девојчето е жртва на кривично дело трговија со луѓе.

    Случајот за силување во август минатата година доведе до протести на кои насобраните повикаа на заштита и безбедност на девојчињата и жените, како и заслужени казни за сторителите.

    Во Косово, според податоците на косовската полиција, секоја година се пријавуваат десетици случаи на сексуално насилство. Најголем број жртви на насилство се девојчињата на возраст од 13 до 16 години. Кривичниот законик на Косово предвидува казни од две до 15 години затвор за силување и други сексуални напади.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img