More

    Останува да се види дали цената на водата ќе остане иста

    spot_img

    ЈП Водовод и канализација Скопје се јави со соопштение во кое вели дека „најостро ја осудува и во целост ја демантира лажната вест објавена во повеќе медиуми за зголемување на цената на водата во Скопје.“

    Имено, во согласност со Законот за утврдување цени на водните услуги се доставува известување за зголемените трошоци на претпријатието по основ на електрична енергија и енергенси во форма на барање за утврдување на тарифите за водните услуги, барање кое е доставено во 2022 година. Околу евентуалната промена на цената на водните услуги надлежни се Регулаторна комисија за енергетика и Советот на Град Скопје како основач на претпријатието, при што ЈП Водовод и канализација – Скопје ниту донело нови тарифи, ниту истото го има побарано од Советот на Град Скопје.

    Уште еднаш да потенцираме дека ЈП Водовод и канализација – Скопје не побарало зголемување на цената на водата во Скопје, ниту е тоа во план на претпријатието во тековната година“ – се вели во соопштението на ЈП Водовод и канализација.

    Претходно Плусинфо објави дека скопјани веќе од следниот месец може да плаќаат поскапа вода, откако РКЕ донесе одлука за зголемување на цената, која од предвидените 23,14 денари просечна тарифа по метар кубен ќе порасне на 26,36 денари.

    Од РКЕ по направените анализи дале предлог со кој зголемувањето во крајните сметки на граѓаните би било за седум денари, но, како што посочува претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, конечната одлука ја носи Советот на општината.

    – РКЕ не носи конечна одлука за цена на водата. Советите во општините ги носат конечните одлуки. Јавните комунални претпријатија поднесуваат барање за одредување на цена до РКЕ, а ние им даваме минимална и максимална цена како опција. Овие предлог цени се врзани со трошоците, односно инвестициите во мрежата за да нема дефекти и да се модернизира. Која цена ќе биде на сила, одлучува Советот на општината – изјави Бислимоски.

    Засега нема демант од РКЕ ниту информација од Советот на Град Скопје или од советите на скопските општини дали е во план  поскапување на водата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img