САД се обидуваат да ѝ набават гранати и муниција на Украина од разни краеви во Источна Европа, „како Костенец и малиот бугарски град Сопот“, пишува Њујорк Тајмс. Муниција на фирмите од Западот им снемува, па посредници на Американците пребаруваат по разни фабрики, а сега се бара помош и од Србија, Романија и од Босна и Херцеговина, пишува Њујорк Тајмс.
„Тешко дека Бугарија е единствената земја која тивко придонесува на воените напори на Украина. Луксембург ја снабдува Украина со оружје од чешко потекло. Посредници со готовина од САД ги пребаруваат фабриките во БиХ, Србија и Романија во потрага по гранати. Британија формирала тајна работна група за вооружување на Украина, се наведува во документот до кој дојде Њујорк тајмс“, пишува американскиот весник.
Во статијата се вели дека работата на оваа комисија, која трага по муницијата во „советски стил“ станува сè потешка.
Лани Бугарија продала пет пати повеќе оружје во однос на 2019 година.