Дарежлива понуда: ќе им платат на туристите да ги посетат

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Skyline of downtown Taipei in Taiwan with blue sky,Image: 625741485, License: Royalty-free, Restrictions: , Model Release: no
- Advertisement -
Ad image

Патувањето е во полн ек по пандемијата, но поради поскапувањето на авио билетите, многу луѓе не можат да си го дозволат тоа, особено до далечни дестинации. Затоа некои се обидуваат да го поттикнат доаѓањето на посетителите и развојот на економијата.

Најновата дестинација меѓу нив е Тајван, кој на туристите планира да им понуди 155 евра за посета. Тој подготвува и парични награди за туристичките групи за да ги поттикне да го посетат островот.

Тајванскиот премиер Чен Чиен-Жен објави во четвртокот дека владата има за цел да привлече шест милиони туристи во 2023 година, двојно да ја зголеми таа бројка во 2024 година и да достигне десет милиони посетители до 2025 година. Како поттик, Тајван ќе донира 155 евра на 500.000 индивидуални туристи. Надомест до 620 евра ќе добијат и 90.000 туристички групи.

Министерот за транспорт Ванг Куо Каи во средата рече дека монетарниот стимул ќе биде даден во дигитална форма. Туристите ќе можат да ги искористат парите за да ги платат трошоците во Тајван, вклучувајќи ги и трошоците за сместување. Мерките имаат за цел да привлечат повеќе посетители од клучните пазари како Јапонија, Јужна Кореја, Југоисточна Азија, Хонг Конг и Макао, како и Европа и Америка.

Според Бирото за туризам на Тајван, нешто помалку од 900.000 посетители го посетиле Тајван во 2022 година. Меѓу најголемите групи беа посетители од Виетнам, Индонезија, Јапонија и САД. Овие бројки се дел од оние од 2019 година, кога рекордни 11,8 милиони меѓународни туристи го посетија Тајван – повеќе од седум проценти повеќе од претходната година.

Островот ги укина ограничувањата за влез во октомври 2022 година, откако неговите граници беа затворени за еден од најдолгите периоди во светот.

Подготвени да направите резервација? Чекај сега. Владата допрва треба да соопшти кога ќе почне шемата и како ќе се аплицира за парите.

Share This Article