Пејачката и актерка Селена Гомез ја надмина ријалити ѕвездата Кајли Џенер и повторно стана најследената жена на Инстаграм.
Поранешната ѕвезда на „Дизни“ сега има 381 милион следбеници на социјалната мрежа, надминувајќи ги 380-те милиони на Кајли.
Селена (30) претходно беше најследената жена на Инстаграм во 2019 година пред Аријана Гранде да се најде на првото место, а Кајли (25) подоцна ги престигна.
Многу од обожавателите на Гомез се радуваат на веста, прогласувајќи ја за „кралица на Инстаграм“.
Еден корисник на Твитер напиша: „Селена Гомез повторно е најследената жена на Инстаграм. Кралицата се врати!“.
И покрај импресивниот број на следбеници, Селена вчера изјави дека се повлекува од социјалните мрежи.
Пејачката додаде дека е повредена од „злобните“ коментари , а исто така смета дека користењето на платформите премногу е „губење време“.
ФОТО: Инстаграм