Во наредната недела литар еуродизел ќе чини најмногу 191 динар, а бензинот Еуропремиум БМБ 171 динар, објави Блиц.
Минатата недела литар еуродизел чинеше 194 динари, додека литар бензин Еуропремиум БМБ 95 171 динар.
Времетраењето на регулативата за ограничување на цените на горивата е продолжено до крајот на февруари.
Инаку, Владата на Србија на 9 февруари усвои измени на Регулативата за ограничување на цената на нафтените деривати. Според измените, заработката на бензинската пумпа по литар продадено гориво ќе биде – 13 динари, а не девет динари како досега.