Поранешниот британски премиер Борис Џонсон изјави дека се смета себеси за кандидат за иден генерален секретар на НАТО.
„Морам да објавам дека постои таква идеја. Се сметам за кандидат. Тоа е многу добра и важна позиција. Сега НАТО е посилен од кога било“, изјави Џонсон за ТВ Рада, одговарајќи на прашање на украински новинари за неговите изгледи да ја води Северноатлантската алијанса, пренесува Тас.
Столтенберг во интервју за годишнината од војната: Што направија сојузниците?
Џонсон додаде дека не гледа никакви противречности во пристапот на Украина во НАТО како полноправна членка.
„Не гледам никакви противречности во пристапот на Украина во НАТО. Украинското членство е перспектива, тоа мора да се случи“, рече Џонсон.
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во понеделникот потврди дека има намера да ја напушти функцијата наесен оваа година.
„Јас заминувам оваа есен, сигурен сум дека алијансата ќе најде достојна личност да ме замени“, рече тој во интервју за Си-Ен-Ен.