Харви Вајнстин осуден за силување актерка

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Поранешниот холивудски продуцент Харви Вајнстин е осуден на 16 години затвор поради силување актерка во 2013 година.

Вајнстин (70) беше осуден во Судот во Лос Анџелес, каде што поротата уште во декември го прогласи за виновен. Обвиненијата се однесуваат на сексуален напад врз поранешна манекенка и актерка, која на суд беше именувана „Н. Н.“, а тој ја силувал во хотел во Лос Анџелес во февруари 2013 година.

Харви Вајнстин во моментот отслужува 23-годишна затворска казна за бројни сексуални напади.

Пресудата беше донесена откако излегоа бројни жени кои го обвинија за силување и за сексуален напад.

Пред изрекувањето на пресудата, Вајнстин продолжи да ја негира вината, нарекувајќи го случајот „наместен“.

Share This Article