Суви сливи – супер храна која го подига нивото на енергија

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Сувите сливи се храна со низок гликемиски индекс и обезбедуваат долготрајна енергија на телото.

Многумина од нас имаат напорен распоред и се трудат на секој начин да не ни падне главата среде бел ден, а против оваа состојба најчесто се бориме со второ или трето кафе, што не е најдобро решение.

Наместо кафе, чие прекумерно внесување може да доведе до главоболки, проблеми со спиењето и анксиозност, нутриционистката Лорен Манакер препорачува сливи.

Познато е дека сливите добро делуваат на дигестивниот систем, но се добри и како извор на енергија во вид на природни шеќери, бидејќи не предизвикуваат брзо зголемување на нивото на шеќер во крвта.

Храната богата со шеќери предизвикува нивото на крвта прво да скокне, а потоа да опаѓа, што доведува до замор. Храната со низок гликемиски индекс, како што се сувите сливи, му даваат подолготрајна енергија на телото, пишува CNBC.

Дополнителен бонус е фактот дека една студија од 2022 година покажа дека редовното консумирање сливи може да помогне да се зачуваат коските како што старееме.

Како да консумирате повеќе сливи
Кога купувате суви сливи, треба да проверите дали имаат додадени шеќери, а постојат различни опции за тоа како можете да ги вклучите во вашата секојдневна исхрана.

Смути
За утринско смути, измешајте четири суви суви сливи со една банана, замрзнато овошје, како што се цреши, и половина чаша овес или друго млеко.

Со темно чоколадо
Растопете малку темно чоколадо на пареа, земете пет суви сливи и потопете ги во чоколадото, а потоа оставете сè да отстои неколку часа. Така, ќе добиете десерт полн со влакна и антиоксиданси.

- Advertisement -
Ad image

Во пилешка салата
Постојат многу рецепти за пилешка салата, а добар начин да ја подобрите и да ги изненадите сите околу вас е да додадете ситно сечкани сливи, пренесува Vijesti.me.

Share This Article