Артан Груби за вметнување на Бугарите во Уставот

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Со уставните измени македонскиот народ може само да добие, а не да изгуби, а ако се најде во статус кво државата само ќе назадува – рече вицепремиерот Артан Груби вечерва во гостувањето на телевизијата „Канал 5“, осврнувајќи се на внесувањето на Бугарите во највисокиот правен акт.

– Сметам дека со ова се решаваат сите прашања со соседите и Македонија како држава има една тапија. Со Договорот од Преспа Грција ни стана пријател, лобира за нас, а со Охридскиот договор, Албанците станаа лојални граѓани затоа што државата стана лојална кон нив. И со Србија се реши прашањето за црквата. Со уставните измени македонскиот народ само ќе добие. Ако државата е во статус кво, таа назадува и тоа не е добро – рече Груби.

Тој одговори и на прозивките на опозицијата за купениот деловен простор на неговиот брат.

– Брат ми има бизнис во туризмот веќе 20 години и нема никаква врска со политиката. Деловниот простор на улица „Македонија“ го купил со хипотекарен кредит од 100 илјади евра на негово име од друго физичко лице – рече Груби.

Тој не кажа за колку пари го купил брат му просторот, но рече дека зел кредит зашто киријата во сегашниот дуќан му се зголемила од 800 на 1500 евра.

Тој го повика обвинителството да отвори истраги и за купувањето на дуќанот и за обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека фирма блиска до Груби и на неговиот брат ги баждарела бензинските пумпи.

Share This Article