More

    Пејачката Бритни Спирс се бори со своето ментално здравје и злоупотреба на супстанции

    spot_img

    Пејачката Бритни Спирс се бори со своето ментално здравје и злоупотреба на супстанции, а двете проблеми сега се доволно страшни што најблиските луѓе планираат интервенција, пишува ТМЗ.

    „Се плашиме дека ќе умре“, изјавил за ТМЗ извор кој е во секојдневен контакт со Бритни. Изворот додава дека луѓето околу неа се вознемирени од нејзиното однесување и дека зема лекови „кои ја креваат“. Во текстот кој е објавен, се наведува дека Бритни има сѐ почести испади и не зема лекови за да стабилизирање на расположението.

    Изворите велат дека нејзиниот менаџер изнајмил куќа на подрачјето на Лос Анџелес на неколку месеци, а планот бил наводно да ја донесе Бритни во куќата, каде што ќе биде нејзиниот сопруг Сем Ашгари, нејзиниот менаџер и лекарите, за да се обиде да ја убеди дека ѝ е потребна помош. Во планот не биле вклучени нејзиниот татко Џејми и нејзините два сина.

    Бритни наводно требало во вторникто да ја донесат во куќата и да разговараат со неа, но планот пропаднал. Некои извори тврдат дека Бритни се согласила со планот да оди на лекар, но сѐ уште не се знае дали се работи за психијатар.

    Пејачката минатиот месец беше видена во ресторан во близина на нејзиниот дом, а сведоците рекле дека се однесува „манично“. На видеото до кое дојде ТМЗ, се слуша како Бритни неповрзано зборува.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img