Деветгодишното девојче денеска беше тешко повредено кога камен од куќа и падна на глава во центарот на Сињ во Хрватска кој беше зафатен од силно невреме. Девојчето е итно оперирано во Сплитската болница и е на интензивно лекување, пренесуваат хрватските медиуми.
Од болницата во Сплит информираат дека се работи за тешка повреда на главата на девојчето и засега сè уште не се знае какви ќе бидат последиците од повредата.
Девојчето утрово со своите врсници излегувало од црквата, од парохиската веронаука, кога врз неа паднал камен. Инцидентот се случил кога под налет на силниот ветар откорнато дрво паднало на кабел кој бил прицврстен за ѕидот на куќата, а од ударот паднале камен од куќата. Во текот на денот на тоа место паднале неколку камења од оштетената куќа.
– Бев на лице место, соборени се 30-тина дрвја, искинати се електрични кабли. Вакво невреме не се памети досега, ова е природна катастрофа – изјави градоначалникот на Сињ, Миро Буљ за Индекс. Тој додава дека ќе побарал и официјално прогласување на природна катастрофа.