Кристијан Нинески утринава го фати крстот во водите на Вардар меѓу 130 верници кои скокаа. Тој беше даруван од присутните и од архиепископот г.г.Стефан кој го нарече момчето „херој кој го извади крстот“.
– Со прекрасниот поздрав Бог се јави и со радосниот одговор Навистина се јави, христијанските народи на овој велелепен ден го потврдуваат своето непоколебливо верување дека Бог навистина се јавил во светот и дека светот му поверува, како што сведочи и светиот апостол Павле. Тоа јавување на Бога на реката Јордан, кое и денеска нè собра тука, на Вардар, нашиот македонски Јордан е најцелосното и најјасното јавување на Бога пред човечкиот род – кажа г.г. Стефан.Нинески го фати крстот и во 2019 и во 2020 година. Сите учесници кои денеска скокале биле полнолетни.