85 нови случаи на ковид-19

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.334 тестови, а регистрирани се 85 нови случаи на ковид-19.

Најмногу новозаразени има во Скопје, вкупно 60, во Битола и 7, следува Охрид со 4 и Неготино со 3, во Тетово, Кавадарци и во Кочани има 2 новозаразени, додека по еден во Штип, Кичево, Гевгелија, Ресен и во Делчево. Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 19 реинфекции.
Регистрирани сe 48 оздравени пациенти од: Скопје – 34, Битола – 9, Ресен – 2, Охрид, Куманово и Прилеп – по 1. Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.054.677 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 311.936, бројот на оздравени пациенти е 302.061, на починати е 9.303, а бројот на активни случаи изнесува 572.

Share This Article