84 санкции за брзо возење на територија на СВР Битола

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Вчера (21.05.2023) во периодот од 14.00 до 19.00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 84 возачи.
Од вкупно 84 возачи, 59 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 25 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Share This Article