800.000 патници ќе бидат погодени поради саботажата на француската железница

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Одредени возови во Франција и денеска беа во прекин, еден ден по „масовниот и добро подготвен“ напад врз мрежата на брзите возови (ТГВ), извршен неколку часа пред церемонијата на отворање на Олимписките игри (ОИ) во Париз.

Состојбата се подобрува, но железничкиот сообраќај и денеска ќе биде нарушен, со доцнење на возовите од најмалку еден час.

Француската железница СНЦФ синоќа соопшти дека ќе биде обезбеден превоз за олимписките спортисти и нивниот персонал.

Неколку пожари избувнаа ноќта меѓу четвртокот и петокот на мрежата на ТГВ. Пресечени и запалени се некои кабли, а запалени се и сигнални кутии. Таа опрема покрај специјалната пруга дава безбедносни информации за машиновозачите на тој тип возови .

СНЦФ го означи нападот како саботажа, а париското обвинителство отвори истрага.

Нападот се случил неколку часа пред церемонијата на отворање на Олимпијадата, во време кога многу патници планирале да патуваат во Париз.

За време на викендот околу 800.000 патници ќе бидат погодени од нарушениот железнички сообраќај, кој е омилено и најпрактично превозно средство за Французите.

Share This Article