80-годишниот македонски свештеник едвај извлекол жива глава

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Архимандритот Никодим Царкњас, 80-годишен македонски православен свештеник во Грција, на 23 февруари годинава бил физички нападнат и малтретиран од група млади Грци, извести организацијата Обединета македонска дијаспора (ОМД), којa остро го осуди нападот и побара итна реакција од грчките власти, меѓународните организации како и од македонската влада.

Додека возел кон дома, патот на архимандритот Царкњас бил намерно блокиран од две возила, спречувајќи го да го продолжи да вози, точно пред понтискиот „Црноморски клуб на Алмопија“ во С’ботско/Аридеја. Откако учтиво побарал од групата да ги преместат возилата што му го блокирале патот, тие почнале вербално да го напаѓаат со лични и верски навреди. Тие потоа го засилиле нападот така што му го оштетиле и го скршиле стаклото од автомобилот и се обиделе да влезат во автомобилот за физички да го повредат. За среќа, архимандритот Царкњас успеал да побегне со автомобилот и да избегне дополнителна повреда. Тој веднаш го пријавил настанот во локалната полиција и поднел тужби против сторителите.

„ОМД ја повикува грчката влада, Европската Унија, странските делегации во Грција, Хелсиншкиот комитет во Грција и Европскиот суд за човекови права, да стават крај на овие неоправдани напади врз малцинските групи во Грција и да обезбедат заштита и граѓански права на македонското малцинство во Грција. Овие континуирани несовесни дела не се белег на модерна држава која ги почитува правата на своите граѓани, без разлика на нивната етничка припадност. Бараме грчките власти да ги осудат членовите на групата што го изврши нападот и да дадат пример со гонење на сторителите до целосна мерка на законот – се вели во рекцијата на ОМД.

Дополнително, ОМД недвосмислено бара Владата на Република Северна Македонија да го осуди овој напад и официјално да реагира за малтретирањето на македонските малцинства и нивните основни човекови права во соседните земји и во светот.

Share This Article