По повод денот на ослободувањето на Ресен и Преспа 11-ти. Септември во големата сала на Општина Ресен се одржа свечена седница.
Со седницата заседаваше претседателката на советот Д-р. Ирена Стрезовска Кукуловска, на истата присуствуваа советниците на Општина Ресен, претставници на боречката организација и нивните продолжувачи, претставници од здравствените и образовните институции, стопанственици од Преспа.
Денес кога одбележуваме 78 години од ослободувањето на нашата општина, се потсетуваме и ги споменуваме сите Преспанци учесници во народно ослободителната војна, кои се жртвуваа и го дадоа својот живот за слободна Преспа за слободна Македонија.
За ова посебна заслуга имаат Мите Богоевски, Стив Наумов, Наум Веслиевски Овчарот и многу други знајни и незнајни јунаци, на кои денес им оддадовме почит со положување на свежо цвеќе на спомен обележјата во нивна чест.
11-ти. Септември 1944 има големо значење, крие еден нов почеток, значаен чекор кон иднината за создавање на слобода, самостојност и независност.
Овој ден ги симболизира борбата за слобода, непречен развој и достоинството на граѓаните на Преспа.
Наша обврска е да им оддадеме почит и да го зачуваме аманетот кој ни го оставија борците пренесувајќи го на нашите идни поколенија.
Да живее Ресен и Преспа
Да живее Република Македонија