More

    Поткомитет со ЕУ за Царина: Нотиран добар напредок во спроведување на реформите

    spot_img

    „Ја докажавме нашата посветеност на процесот на пристапување во ЕУ, и тоа е нотирано во неодамнешниот извештај за напредокот на земјата, кадешто e забележана висока усогласеност на царинското законодавство со законодавството на ЕУ. Продолжуваме со дигитализацијата, како еден од нашите главни фокуси во последната деценија, преку развој на нови ИТ системи и натамошно надградување и одржување на постоечките. Со тоа ќе овозможиме високо ниво на автоматизација на процесите, консолидирани бази на податоци, поедноставување на царинските постапки и натамошна интеграција“, рече директорката Славица Кутиров на 19тиот Поткомитет за трговија, индустрија, царина и даноци помеѓу ЕУ и РС Македонија. Притоа, Кутиров додава дека во наредниот период ќе следи поинтензивна работа и напори насочени кон целосно усогласување со ЕУ регулативата, како и нејзино имплементирање во пракса, што ќе го презентираат на Билатералниот скрининг состанок во јуни следната година.

    На состанокот од страна на претставниците од Европската Комисија, беше истакнат добриот напредок на Царинската управа во спроведување на реформите.

    Во моментов, како што потенцира директорката, Царинската управа работи на имплементација на нови ИТ системи со што ќе се подобрат услугите за економските оператори, а воедно ќе се овозможи и поефикасна наплата на приходи, поефикасни контроли и сузбивање на сивата економија. Притоа, Кутиров нагласи дека неодамна се воведени и таканаречените „Зелени царински декларации“, со коишто царинската постапка автоматски се завршува во рок од еден час.

    На поткомитетот се дискутираше и за мерките коишто беа имплементирани од страна на Царинската управа за справување со кризата предизвикана од пандемијата. Така, со цел обезбедување непречен проток на стоки, воспоставени се т.н. „Зелени коридори“ на граничните премини Табановце – Прешево, Ќафасан – Ќафтане, а од јули годинава и на преминот Богородица – Евзони, за стоки кои излегуваат кон Грција.

    Како дел од активностите за олеснување на трговијата преку регионална соработка, по потпишувањето на протоколите за меѓусебно признавање на компаниите со статус Овластен економски оператор – ОЕО со Србија и неодамна со Албанија, интензивно се работи на нивна имплементација во пракса, со цел да се овозможат дополнителни бенефити за овие компании при спроведување на царинската постапка. Воедно беше потенцирано дека нашата држава е целосно подготвена и за меѓусебно признавање на овој статус со европските земји и приклучување во европскиот ОЕО систем.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img