Јахтата „Викторија“ на рускиот претседател Владимир Путин долга 71 метар е на ремонт во пристаниште во Истанбул, тврди рускиот тајкун и азилант Михаил Ходорковски на мрежата Икс. Според него, јахтата се закотвила таму пред еден месец откако го напуштила црноморскиот град Сочи и се закотвила во општината Тузла во Истанбул.
– Како е можно 71-метарската јахта на Путин да се закотви во бродоградилиште во земја на НАТО? – прашува Ходорковски велејќи дека неговата платформа „Досие Центар“ ја препознала јахтата со натписот „V“ на трупот.
Ходорковски пред 20 години беше најбогатиот Русин, но го загуби најголемиот дел од своето богатство во бизнисот со нафта затоа што му се спротивстави на Путин. Одлежа 10 години во затвор, а потоа се пресели во Лондон.