70 санкции за брзо возење на подрачје на СВР Тетово

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Секторот за внатрешни работи Тетово, вчера (20.07.2023) од 12.00 до 18.00 часот спроведе акциска контрола за санкционирање на возачите кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната.

При контролата биле откриени и санкционирани вкупно 70 пречекорувања на максимално дозволената брзина надвор од населено место (ТЕ-58 и ГВ-12). Пет од пречекорувањата (ТЕ) биле за повеќе од 70 километри на час над дозволеното, а 26 (ТЕ) за 50 до 70 километри на час. Покрај ова, санкционирани се и 22 (ТЕ) прекршоци за движење на возила со поголема брзина од пропишаната во населено место, како и 2 (ТЕ) други видови сообраќајни прекршоци.

На возачите-прекршители изготвени им се поднесоци по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и тие ќе се соочат со парични глоби кои, зависно од големината на пречекорувањето, се движат од 45 до 400 евра во денарска противвредност. Оние кои биле значително пребрзи ги очекува и мерка времено одземање на нивните возачки дозволи од три месеци до една година.

Share This Article